-->
-->
Прв училишен ден во училиштата во Гази Баба
-->

Во сите основни училишта во општина Гази Баба започна првиот училишен ден и новата учебна година.
Градоначалникот Тони Трајковски ги посети основните училишта ОУ„ Стив Наумов“, ОУ„ 25 Мај“ и ОУ„ Кирил и Методиј“.
Пред почетокот на учебната година, како што соопштија од општина Гази Баба, во сите основни училишта се правеле реновирања на работните простории, на објектите и на училишните дворови, а во основните училишта кои биле оштетени во поплавата се санираа штетите и на учениците им се обезбедија соодветни услови за реализација на наставата.
На подрачјето на општина Гази Баба има 11 основни училишта и 5 подрачни, во кои учат околу 7137 ученици, а оваа година во прво одделение се запишаа околу 782 ученици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
