Прв случај на Ковид-19 во Oпштина Маврово и Ростуше
Во најмалата гостиварска Oпштина регистриран е првиот случај на инфициран од Ковид-19. Станува збор за маж, жител на едно од долнореканските села, чии резултати биле стигнати попладнево.
Информацијата ја потврди и градоначалникот на Oпштина Маврово и Ростуше, Медат Куротвски, кој соопшти дека во тек е состанокот на локалниот кризен штаб на кој се разгледува новонастаната ситуација.
Лицето кај кое е откриено присуство на коронавирусот, изминативе денови имал полесни симптоми на болеста и бил лекуван во амбулантата во Ростуше. По позитивниот тест, тој е префрлен на инфективното одделение во гостиварската општа болница.
Здравствените власти наредниве денови ќе работат на епидемиолошки анализи за да откријат како се појавил првиот случај на Ковид-19 во овој регион и дали близината со Дебар и традициите на населението имаат влијание.
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници