Прв академски час за новите студенти
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на првиот академски час на Факултетот за безбедност во Идризово, кој е членка на Универзитетот во Битола.
Почетокот на новата академска 2019/2020 година традиционално ќе се одбележи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на чии факултети со први академски часови ќе бидат пречекани новите академски граѓани. Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски ќе присуствува на првите академски часови на студентите на Факултет за музичка уметност, и на Економскиот факултет, кои ќе се одржат соодветно во просториите на овие факултети, со што симболично ќе испрати порака до сите новозапишани студенти на факултетите при УКИМ.
Прв академски час за новата генерација студенти на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола ќе се одржи на тамошниот Факултет за информатички и комуникациски технологии.
По повод започнувањето на новата студиска година, на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип првиот академски час ќе се одржи во Мултимедијалниот центар сместен на Економскиот факултет на кој ќе се обратат студенти и ректорот на Универзитетот Блажо Боев.
Воедно, Ликовната академија при УГД ќе отвори студентска изложба во уметничката галерија „Безистен“ насловена „Уметноста и човекот“, на која со свои дела ќе се пртетставата 12 студенти.
Новата студиска година ќе биде одбележана и на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) со обраќање на ректорот Абдулменаф Беџети и претседателот на Студентскиот парламент Арјон Фејзулаи.
Ново на Сител
-
Директорот на ФК „Слога“-Виница тепал фудбалер на противничката екипа пред почеток на натпреварот
-
Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари
-
Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни
-
Во сообраќајка загина 33-годишен мотоциклист од Кичево
-
Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Поевтинуваат горивата
-
Студенти од Турција ограбиле таксист во Скопје
-
24-годишен охриѓанец со стаклен предмет нападнал маж од Скопје