Прпарим Авдили од кумановско Лојане до кандидат за градоначалник на Цирих
Прпарим Авдили, швајцарец со македонско потекло беше предложен од својата Либералната партија (ФДП) за кандидат за градоначалник на швајцарскиот град Цирих. Тој сам ја сподели оваа информација преку објава на Фејсбук.
Авдили во објавата се осврнува на своето потекло, нагласувајќи дека неговото семејство има корени од Куманово, но дека неговиот живот се врзал за Швајцарија, каде што е израснат.
„Израснав во Цирих како дете на семејство со мигрантско потекло. Моето образование го стекнав во населбите Алтштетен и Албисриден, а и денес останав близок со моето маало – сè уште играм фудбал со другарите од детството. Цврсто сум поврзан со овој град и секојдневно го живеам со страст она што го правам,“ напиша Авдили.
Авдили инаку потекнува од селото Лојане во Липково, кумановско.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна