ОН: Протокот на стоки низ Ормуската Теснина речиси целосно запрен

Бродскиот сообраќај низ Ормуската Теснина од февруари практично е целосно во прекин, соопштија синоќа Обединетите нации.
Последните податоци на Агенцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD) што ги следи цените на бродскиот транспорт, храната и енергијата, како и финансиските пазари поврзани со тековните ограничувања во поморскиот транспорт, покажуваат дека бројот преминувања на бродови низ Ормуската Теснина од 28 февруари е намален за 95,3 проценти.
Стефан Дужарик, портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, рече дека од тогаш цените на прехранбените производи пораснале за шест, а цената на сировата нафта за Европа за 53 проценти.
На нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари Техеран одговори со блокада на транспортот низ Ормуската Теснина.
Блокадата предизвика големи нарушувања во глобалната трговија, нагло зголемување на цените на енергенсите и воведување итни мерки за спречување недостиг на гориво. Повторното отворање на Теснината било едно од главните спорни прашања во преговорите за завршување на конфликтот.
Ново на Сител
-

Внимавајте: Лажни пораки за наводен сообраќаен прекршок се испраќаат од странски број
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
