Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
Гинекологот Мухамед Асани правосилно е осуден на казна затвор од три години, за тешки дела против здравјето на луѓето и пет години забрана да врши професија, дејност или должност лекар.
Другите двајца гинеколози што беа обвинети во овој предмет, синот на Мухамед Асани Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, ќе бидат повторно судени на 6 мај, бидејќи Апелација го врати предметот за нив на повторно одлучување откако првостепениот суд ги ослободи.
Адвокатот на Веапоска Јанев вели дека повторувањето на постапката не треба да трае долго за разгледување и одлучување бидејки во основа е се направено во текот на првотото судење.
Според пресудата од Апелација, како последица од начинот на лекување на доктор Мухамед Асани, Веапоска останала без три здрави органи – матка, јајник и лев бубрег, органи што таа ги имала пред да влезе во болница за да се изврши рутински оперативен зафат – пораѓање со царски рез.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
