Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
Дали породилното отсуство од девет ќе биде зголемено на 12 месеци? Фондот за здравствено осигурување размислува на оваа тема бидејќи многу често мајките после 9 месеци од раѓањето повторно користат боледување за децата. Директорот Сашо Клековски вели дека разгледуваат и прават анализи какви дополнителни трошоци ќе има за евентуално носење на ваква мерка но и како е тоа регулирано кај нашите соседи.
- Бидејќи ако имаме чести и пред и потоа боледувања, за мене би требало да мислиме за промена на системот за породилно отсуство. Во Србија е 12, 24 месеци за трето дете. Мораме да ги согледаме и регионалните искуства, зошто се одлучиле за вакви чекори, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Освен анализи за породилното, Фондот сака да ги регулира и останатите боледувања поради болест, за да нема злоупотреби. По МВР, сега и Министерството за одбрана побарало контрола на остсуствата од работа кај нив.
- Правиме анализа каде се пропустите, што може да промениме и сакаме тоа низ еден консултатитен процес. Прво консултации со матичните лекари, потоа со синдикатите, работодавачите и секако здруженија на пациенти, вели Клековски.
Фондот го презентираше извештајот за работењето во 2025 година. Структурата на осигуреници покажува дека пензионерите растат побрзо отколку активни работници, а годината што помина инстируцијата е оценета како најтранпарентна меѓу државните институции.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
