Протести во Венецуела поради недостиг на свинско месо
Стотици жители на главниот град на Венецуела, Каракас, протестираа денеска незадоволни од недостигот на свинско месо за традиционалнaтa божиќнa прославa.
Венецуела се соочува со недостиг на храна како резултат на долгогодишната економска криза, предизвикана од падот на цената на нафтата, но и од левичарските реформи на претседателот Николас Мадуро и неговиот претходник Уго Чавез кои доведоа до хиперинфлација и економски колапс.
Мадуро неодамна вети дека кризата е при крај и дека овој Божиќ властите ќе обезбедат доволно свинско за традиционалните специјалитети халака и пернил.
Но, откако продавниците останаа празни во пресрет на Божиќ, протести вчера се одржаа во повеќе делови на Каракас, а дел од нив продолжијат и денеска. Демонстрантите палеа ѓубре и го блокираат сообраќајот.
За недостигот Мадуро ја обвини Португалија, која, според него, не ја испорачала договорената пратка свинско месо.
Португалската Влада демантираше дека е виновна и ја упати Венецуела да ги регулира своите односи со компанијата со која договарала набавка на месо.
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово