-->
-->
Протест во Лондон против мерките за штедење, побарана оставка од Меј
-->
Илјадници лица денеска протестираа во Лондон против мерките за штедење и побараа оставка од владата на британската премиерка Тереза Меј, по лошите резултати на изборите од минатиот месец.
Учесниците во протестот се собраа пред седиштето на Би-Би-Си во Лондон за да побараат завршување на штедењето што доведе до намалување на потрошувачката за јавните услуги, пренесоа француските медиуми.
Демонстрантите носеа транспаренти со натписите „Нема повеќе штедење" и „ториевци надвор“.
Откако оддржаа минута молк во чест на жртвите од пожарот во Лондон, во кој настрадаа најмалку 80 лица, учесниците во протестот се упатаја кон Парламентарниот плоштад.
Се очекува на собирот да се обрати и лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од понеделник приватните автобуси со редуциран возен ред
-
Мицкоски: ДУИ живее во минатото
-
Филипче: Лоша е состојбата во Скопје
-
Шукова: БРТ е решение за Скопје
-
Ѓорѓиевски: Развој на сообраќајната инфраструктура во Скопје
-
За месец и половина клуч на врата на три штипски конфекции
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ