Македонија
29. March 2025 - 16:27

Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“

„Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собрание“. Откако пратениците решија да направат пауза од одржување на седници по трагедијата во Кочани, граѓаните пред Собрание денеска поставија импровизирана сала.

Наредија столчиња, наместија и говорница. Организаторите на денешниот протест од иницијативата Кој е следен, побараа од надлежните служби јавно да ја објават целата документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес. Дополнително, граѓаните побараа да се формира и Е-инспекторат , на кој секој граѓанин ќе може да пријави нерегуларност во работењето на објектите. 

На говорницата се обратија и дел од присутните граѓаните. 

Протестот се одржа без тензии, во демократска атмосфера. Околу законодавниот дом имаше засилено полициско присуство.