Протест на жители на кумановска населба ја запре изградбата на дел од пругата кон Бугарија
Жителите на кумановска населба „Доне Божинов“ денеска ја запреа изградбата на дел од пругата кон Бугарија, на делницата Куманово-Бељаковце, на Коридор 8. Во изјава за медиумите, жителите кажаа дека се револтирани од проектот, дека не се води сметка за безбедноста на пешаците, нема заштитни огради, тротоари... Велат дека овој дел е стрмен и бараа средба со надлежните, одговорни за проектот.
- Во зима овде никој нема да може да излезе, нагорнината е голема. За сите ќе биде потешко, деца нема да можат да одат на училиште, нема тротоари, ограда, од двете страни. Прв снег да падне автомобилите ќе завршат на пругата, рече Милорад Илиевски, жител. Неговиот сосед Стефан Кипријановски додава дека косината е голема и тоа ќе предизвика проблем за жителите.
-Утре пожарна нема да може да влезе, камиони со дрва не можат да влезат, вели Кипријановски.
Од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, Железници на РСМ велат дека заедно со изведувачот и надзорот излегле на терен, контактирале со локално население и ги ислушале нивните проблеми.
- На жителите по нивната поплака за стрмен пат им кажавме дека повторно ќе направиме преглед на документација за да утврдиме да не има направено некој пропуст. Изведувачот ќе изврши ново геодетско снимање на проблематичниот дел од патот и да предложат техничко решение како би можело да го ублажиме проблемот и да излеземе во пресрет на населението. Ги замоливме да бидат малку стрпливи и да се заврши ревизијата и повторно да се сретнеме со населението. За безбедноста на населението изградивме надвозник, бидејќи патот директно се вкрстуваше со железничката пруга. Во рамките на експропријација и техничко решение се надеваме дека ќе најдеме заедничко решение. Со проектот е предвидена и оградата на мостот која ќе биде поставена на крајот кога ќе се завршат градежните работи, објаснуваат од јавното претпријатие.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција