Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство за оставка од Филипче
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно организираше протест пред Министетството за здравство од каде што побара оставка од министерот Венко Филипче зашто смета дека не ја менаџира добро здравствената криза. Се фрлаа балони со вода кон зградата на Министерството за, како што и го насловија протестот – „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“.
Пратеничката од ВМРО- ДПМНЕ Велика Стојкова-Серафомовска рече дека голем дел од здравствените работници се уште не се вакцинирани, дури и оние кои работат во болниците во ургентните одделенија и се изложени на најголем ризик.
Според пратеникот Дарко Костовски, доколку власта набавела вакцини и имала систем за справување со ковид-кризата, бројот на заразени и починати немало да биде толку голем.
– Јас немам дилема дека секој човечки живот изгубен во оваа пандемија е грижа на владата. Оваа несмаснот од владата по однос на сите прашања мора да запре час поскоро. На Македонија и е потребна една добра влада кој ќе внесе сигурност и скромност и ќе покаже дека знае да се справи со предизвиците, додаде Костовски.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце