Протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Струмица
Тиранската платформа има единствена цел - внесување на Уставот од Косово во Македонија, но и предизвикување меѓумакедонски судир, порачаа вечерва говорниците на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Пред споменикот на Гоце Делчев од градскиот плоштад од Струмица присутните граѓани побараа внимателност и будност за да не дојде до, како што рекоа, бришење на Македонија од светската карта.
- Со член 6 од Уставот на Република Косово се вели дека официјален јазик е албанскиот и српскиот јазик. Но, да се запрашаме, дали некој ќе зборува српски јазик на Косово. Е тоа сакаат да го донесат тука. Инаку, тука го имаат она за што ние се залагаме „заедничка Македонија“, рече професорот Славе Хаџиски.
Тој додаде, дека т.н тиранска платформа има за цел да ги раскара Македониците меѓу себе.
- Тиранската платформа не е изработена за меѓунационални судири меѓу македонскиот и албанскиот народ туку за судир меѓу нас самите Македонци. Бидејќи во опозициската партија најдоа плодно тло за да ја направат платформата и да ја спроведат, се плашам дека ако не сме единствени доведени се во прашање и унитарноста и опстанокот на Македонија. Време е сите да се освестиме, зошто крајната цел е бришење на Македонија, на нејзиниот идентитет, знаме, грбот, односно државотворните обележја, рече Хаџиски.
Мирниот протестен марш се одржа низ централното градско подрачје.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”