Проштална средба на Вељаноски со со кинескиот амбасадор Џеншун

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски имаше проштална средба со амбасадорот на Народна Република Кина. Вен Џеншун.
Во текот на разговорот, како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, било потенцирано дека мандатот на Вен Џеншун бил одбележан со активно градење пријателски односи меѓу двете земји и голема поддршка од страна на Народна Република Кина кон Република Македонија.
- Амбасадорот Вен Џеншун изрази длабоко сочувство за жртвите од поплавените подрачја од големото невреме кое на 6 август го зафати скопскиот регион, потенцирајќи дека Народна Република Кина, исто така, се соочувала со слични големи трагедии. Поради пријателството со Македонија, потенцирал Џеншун, Народната Република Кина активно учествува во репарирање на материјалната штета во форма на донација, се вели во соопштението.
Соговорниците изразиле желба натамошната соработка меѓу Народна Република Кина и Република Македонија да продолжи со истиот позитивен тренд во насока на инвестиции, меѓународна и парламентарна соработка.
Ново на Сител
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
-

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии
-

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот кај Палиград и Китка
-

УХМP: Утрe поплaднe локалнo невреме со пороен дожд
-

Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
