Македонија
22. August 2026 - 16:47
Мечки ги пустошат пчеларниците
Охридските пчелари се соочуваат со сериозни штети од дивеч, мечки ги пустошат пчеларниците, го јадат медот и ги уништуваат пчелните сандаци предизвикувајќи илјадници евра загуби. Најкритично е на потегот околу планината Галичица, на просторот околу Горица до Свети Стефан и целиот реон на Дебарца.
Во време кога се борат да опстанат поради намален род и нелојална конкуренција ова е уште еден удар врз нивната егзистенција.
Пчеларите за да добијат обештетување треба околу пчелните семејства да имаат поставено електрични огради. Покрај тоа што ги уништува пчеларниците мечката претставува потенцијална опасност и за луѓето.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
