Просечната нето плата во април 25.830 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесувала 25.830 денари и споредено со нето-платата во април лани е зголемена за 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12 проценти), Други услужни дејности (6,9 проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,4 проценти).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за девет проценти, Стручни, научни и технички дејности за 6,9 проценти и Транспорт и складирање за 6,6 проценти.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април годинава, изнесува 38.567 денари.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора