-->
-->
Пропаднаа преговорите за составување Влада на Северна Ирска
-->
По неколку седмици интензивни разговори доцна синоќа пропаднаа преговорите за составување влада на Северна Ирска.
Лидерката на Демократската унионистичка партија Арлин Фостер изјави дека преговорите со ирската националистичка партија Шин Фејн за формирање влада, која се распадна пред една година, биле неуспешни.
Северноирската влада се распадна во јануари 2017 година по скандал околу шема за обновлива енергија, што ја загрози поделбата на власта, што беше клучно достигнување во мировниот договор од 1998 година, со кој се стави крај на децениското насилство.
Двете партии за ќор-сокакот меѓусебно се обвинуваат, а спорот околу енергетскиот проект се прошири и на пошироки културни и политички прашања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа
-
Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати
-
Шведска го отпушти селекторот
-
СЗО бара построга политика за алкохолот во борбата против рак во ЕУ
-
Европската комисија ги казни „Гучи“, „Клое“ и „Леве“ со 157 милиони евра поради договарање на цени
-
На Радиологија при снимање на МР на пациент на кислородна поддршка се случил технички проблем, тој е во добра здравствена состојба
-
Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“
-
Тел Авив бара одговор: Хамас предал само четири тела на заложници, наместо сите 28