Македонија
14. September 2021 - 20:00

Пропадна обидот за разрешување на Филипче, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата

Предлог одлуката за разрешување на министерот Филипче што ја поднесоа пратениците од ВМРО ДПМНЕ е одбиена како не основана. Пратеничката група од опозициската партија по истекот на двата дена рок кој му го дадоа на министерот Филипче сам да ја достави оставката во Собранието, денеска го доставија предлогот. Во образложението стои дека ова барање е поради целокупното менаџирање со ковид пандемијата и трагичниот настан во Тетовската модуларна болница каде во пожар загинаа 14 граѓани.

Опозицијата побара еден час пауза за да има време владата да ги испрати оставките. Но ниту ова не донесе резултат, по што пратенивите на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата со образложение дека не биле испочитувани нивните барања а ниту деловникот и уставот. Џафери ја прекина седницата.

Исходот беше очекуван уште пред паузата. Пратениците од владеачкото мнозинствио уште тогаш најавија дека и да бидат доставени оставките не би можело да се најдат на денешната седница.

За предлог одлуката од ВМРО ДПМНЕ поддршка дадоа и пратениците од Левица и од Алијанса за албанците.

Лидерот  на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша 10 прашања за кои како што вели премиерот Зоран Заев и Филипче немале морал ниту пак  одговори. Во објавата на ФБ Мицкоски меѓу другото праша како се градени модуларните болници,колку е платено за нив, зошто немало апарати за гаснење ниту доволен број медицински персонал, кој им се заканувал на роднините на жртвите и дали обвинителството ги слуша изјавите на премиерот кој рекол дека е длабоко инволвиран во истрагата.