Пронајдени рачни бомби во село Боговиње
На бројот за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна нива во близина на „Еко Флор Плус“ во село Боговиње.
Како што информира денеска ЦУК, веднаш по примањето на пријавата, вработени од Полициската станица Камењане пристигнале на местото.
- Известени беа и ДЗС Тетово за случајот, а преку консултација со надлежните органи, беше утврдено дека за отстранување на рачните бомби ќе пристапат специјализирани лица од Куманово. Поради стемнувањето, акцијата е одложена за денеска, при што местото е привремено обезбедено од страна на ПС Камењане, додека не се отстранат рачните бомби, стои во соопштението.
РЦУК Битола ја пренесува информацијата од пиротехничар од ДЗС дека вчера има подигнато авионска бомба со 154 калибар (од американско производство) од Првата светска војна.
- Бомбата е безбедно отстранета, подигната во 11:45 часот во село Армаруш, Општина Новаци, се наведува во соопштението од ЦУК.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга