Пронајдени нови авионски делови на плажите на францускиот остров Реунион
На плажите на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан, случајни минувачи изутринава пронајдоа нови метални парчиња, кои веднаш се ставени под пломба во рамките на истрагата која се води во Франција за исчезнувањето на малезискиот авион во март 2014 година.
Во сегашниот дел од истрагата, ништо не укажува дека станува збор за авион од типот Боинг 777 на „Малезија ерлајнс“ кој леташе на линијата Куала Лумпур-Пекинг.
Откриениот дел од крилото, кој се претпоставува дека му припаѓа на авион од типот Боинг 777, од истиот тип како тој на Малезија. Овај дел од крилото веќе е е испратен на анализа во Тулуз-Франција. Таа се очекува да започне во среда, а додека пронајдениот куфер на истата плажа е испратен во анализа во лабараторија на полицијата во парискиот регион.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот