Пронајдени двете малолетни деца од Скопје

Двете деца од скопската населба Автокоманда на возраст од 11 и 10 години што вчера беа пријавени како исчезнати синоќа биле најдени живи и здрави во Гостивар. Информацијата ја потврдија од МВР.
Вчера на социјалните мрежи се прошири веста за исчезнувањето на децата.
– Децата веќе се најдени. Тие се во Гостивар. Јас немам пари да ги земам од таму и еве го чекам мојот брат, кој е такси-возач, да собере пари и да одиме да ги земеме. Пред два часа ми се јавија дека е најдени и дека биле добри. Вчера утро тие заминаа за на училиште и од дома зеле 1.600 денари кои беа оставени на маса. Веројатно со тие пари се качиле во автобус и по грешка заминале во Гостивар – изјави таткото во телефонскиот разговор за „МКД.мк“.
Од МВР потврдија дека децата се најдени и за тоа е известен и таткото и службите од одделот за малолетници. Малолетните брат и сестра се во полициска станица во Гостивар и се во добра здравствена состојба. Истрагата, велат од полицијата, ќе утврди како децата од Скопје завршиле во Гостивар, а ќе се испитува и дали постои одговорност и кај родителите.
Ново на Сител
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
