Македонија
4. јуни 2025 - 13:13

Пронајдена дрога во Охрид, приведено едно лице

На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(25) од Охрид затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени и одземени се марихуана и дробилкла со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.