Промовирана публикацијата „Унифицирање на судската пракса во Македонија“
Центарот за правни истражувања и анализи, поддржан од Британската амбасада во Македонија денеска ја промовираше публикацијата „Унифицирање на судската пракса во Македонија: Mожности наспроти предизвици“.
- Публикацијата што ја промовираме е извештај од проценката на состојбите со судската пракса во Македонија и таа не е новитет во поглед на дилемите и прашањата за кои веќе подолго време разговараме, туку еден стручен сублимат на таа дебата, поткрепен со факти и анализа, компаративни искуства, рече Лидија Стојкова Зафировска, претседател на Центарот за правни истражувања и анализи.
Министерот за правда Аднан Јашари истакна дека е извршена детална анализа согласно која може да се воочат пречките во досегашниот правен систем, можностите и предизвиците за нивно надминување и обезбедување на најсоодветно понатамошно решение за воспоставување на унифицирана судска пракса.
- Главниот фокус на ова истражување е да се согледа правната рамка и праксата на судовите во однос на јуриспруденцијата на судовите. Со извештајот е даден и компаративен преглед на значењето и начинот на користењето на судската пракса од страна на Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд на правдата, рече Јашари.
Тој потсети на веќе преземените чекори во оваа област и ја истакна улогата на Академијата за судии и јавни обвинители која, како што рече, треба да ја има водечката улога на почетната и континуираната обука за воспоставувањето на праксата, како значаен сегмент на правораздавањето и постојано следење од страна на судиите.
На крајот од извештајот, идентификувани се одредени недоследности, пречки и предизвици за понатамошен квалитетен и правилен развој на судската пракса и нејзино унифицирање.
Британски амбасадор во Македонија Чарлс Гарет изрази надеж дека судската пракса од Велика Британија ќе и биде од значење на Македонија.
Ново на Сител
-
Матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите добиваат повеќе пари
-
Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
Априлски снег во Охрид
-
Пензионерите против враќањето на старата методологија за пресметка на пензиите
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна