Промовиран романот „Рогот на љубовта“ од Божин Павловски
Романот „Рогот на љубовта“ од авторот Божин Павловски беше промовиран денеска во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.
Павловски изјави дека станува збор за автобиографски роман, кој се случува во средината на минатиот век. Посочи дека романот го опишува ентузијазмот на младите луѓе кои тогаш пројавиле интерес за сопствено издигнување, во периодот кога започнува заминувањето во туѓина.
- Меѓу осумнаесетте романи кои што сум ги создал, овој веројатно е роман што најмногу го сакам бидејќи го откинав од своето рано детство и го работев долго. И англиското издание според тамошната критика кажува дека сум направил добро дело, рече Павловски.
Промоторот Блаже Миневски истакна дека романот „Рогот на љубовта„ е 17. дело на Божин Павловски кое не влегува во циклусот на дела кои ја третираат дијаспората, туку нашето поблиско и подалечно минато.
- Станува збор за приказна за оттуѓување на луѓето од репресија на власта во 50-тите години од минатиот век, рече Миневски. Додаде дека писателот Павловски е еден од нашите живи класици, кој 50 години е посветен исклучиво на пишување романи.
Романот е добитник на наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“.
Промоцијата на книгата во кумановската библиотека се реализира во рамки на одбележувањето на „Месецот на книгата“ и е во рамки на одбележувањето на 70 годишниот јубилеј на установата.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра