-->
-->
Промовиран проектот „Обединети преку спорт“
-->

Невладината спортска организација ТАКТ, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија, Агенцијата за млади и спорт, какои Факултетот за физичко образование спорт и здравје, го промовираа проектот “Обединети преку спорт”.
На промоцијата свое излагање имаше Лора Браун од Амбасадата на САД во Македонија, Силвија Митевска, Претседател на организацијата ТАКТ, Ленче Алексовска Величковска – декан на ФФОСЗ, како и Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Овој проект е уникатна можност која нуди придонес кон зголемување на бројот на девојки кои се занимаваат со спорт преку пример на жени спортисти, поттикнување кон учество на маргинализирани групи на граѓани во спорт, како и обучување на лица за решавање конфликтни ситуации и изградба мир преку спорт и спортски активности.
Сево ова е можно со креирање на Мрежа на Спортски Лидери за промоција на спортски вредности, имплементација на акциски планови и можност за учество на двонеделна обука во САД и соработка со Центарот за спорт, мир и општество од САД.
- Родовата еднаквост и зајакнувањето на правата на жените се од суштинско значење за постигнување на целите за еднакво општеество. Ние се залагаме за еднаквост во спортот за секоја девојка и жена и промовираме здрави навики и спортско лидерство во сите области во спортот.
Само ќе потсетам на едно писмо на еврокомесарките на Европската Унија кои му пишаа на претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет, Жак Рог и претседателот на Интернационалниот ПараОлимписки Комитет, Филип Кравен, во кое многу јасно порачаа дека потребно е да се направат поголеми напори за засилување на учеството на жените во спортот и во спортските управувачки тимови, како и во борбата против дискриминацијата и сексуалното малтретирање, истакна Спасески.
Тој додаде дека е горд што Агенцијата за млади и спорт ќе учествува во овој проект со логистичка поддршка и дополнително ќе вклучи свои вработени во овој проект, кои во иднина ќе ја пренесат целосната идеја на проектот како спортски лидери низ целата територија на Македонија со една цел за здраво и еднакво општество, без стереотипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
