Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и британскиот боксер Тајсон Фјури ќе имаа бокс меч на 1 август. Се очекува борбата да се одржи во Даблин, Ирска.
Засега нема информации за официјалното емитување на борбата Ибрахимовиќ против Фјури. Деталите може да станат познати поблиску до датумот на борбата.
Триесет и седумгодишниот Фјури е светски шампион во WBC, WBA, IBF, WBO и The Ring. Неговиот рекорд е 35 победи (24 со нокаут), 2 порази и 1 нерешено. Претходниот противник на Британецот беше рускиот и канадски боксер Арсланбек Махмудов, кого Фјури го победи со едногласна одлука на 11 април 2026 година.
Четириесет и четиригодишниот Ибрахимовиќ се пензионираше од професионалниот фудбал во 2023 година. Швеѓанецот играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес галакси. Златан моментално работи како виш советник во „RedBird Capital Partners“, инвестициската фирма која е сопственик на Милан.
МИА
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
