Промотивни настани за македонското органско производство
Промотивни настани во рамки на манифестацијата „Денови на органското производство 2016” ќе се одржат денеска и утре пред продавниците на „Биокулт“ во Гратскиот трговски центар (ГТЦ) и во Капитол мол.
Настаните ги организира Федерацијата на производители на органски производи на Македонија со поддршка од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што информира Федерацијата, потрошувачите ќе имаат можност да се запознаат со производителите и нивните производи, а преку организираните информативни и едукативни содржини ќе можат да стекнат нови знаења и подетално да се запознаат со правилата и начините за органско производство.
Програмата предвидува и мини квиз на кој посетителите, купувачите, ќе може да го покажат своето знаење за органското производство и да бидат наградени.
Ново на Сител
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани