Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
Турција е подготвена да прими до 15 повредени во трагедијата во Кочани на кои им е потребна подолготрајна рехабилитација. Целиот третман кој би траел повеќе од година дена понудиле да биде бесплатен, информираше министерот Таравари. За ова меѓу другото заедно со Премиерот Мицкоски разговарале со турскиот министер за здравство.
-Изразуваат подготвеност да третираат уште 10 до 15 пациенти на кои ќе им треба долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно. Во моментот, можеме четири до шестмина пациенти веднаш да ги испратиме, доколку има потреба. Со тек на време, до максимум петнаесет. Тоа е многу добра вест, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Претходно и пациенти кои беа испратени во Словенија и Литванија таму го продолжија и процесот за рехабилитација со посебни вежби и терапии за побрзо закрепнување од повредите.
Во моментот во странство на лекување остануваат уште 28 повредени од пожарот во кочанскиот клуб.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар