Промоција на „Постсоветски меридијани“ од Драган Јањатов

Промоција на книгата „Постсоветски меридијани“ на авторот Драган Јањатов, ќе биде промовирана денеска напладне во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи, во организација на Дипломатскиот клуб-Скопје.
Книгата ќе ја промовираат професорот д-р Иван Додовски, декан на Универзитетот Американ колеџ во Скопје и амбасадорот Никола Тодорчевски, член на Дипломатскиот клуб.
Во ова свое четврто публицистичко дело, се посочува, авторот на околу 300 страници, прави преглед и ја анализира актуелната општествено политичка, економска и меѓународно-безбедносна состојба во сите поранешни советски републики, сега самостојни и суверени држави, од нивното отцепување од некогашниот СССР до денес. По тој повод, најавуваат организаторите, предвидено е и пригодно обраќање на амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин, како претставник на еден од бројните државно правни субјекти, кој произлезе по распадот на Советскиот Сојуз.
Модератор на промоцијата ќе биде амбасадорот Виктор Габер, претседател на Дипломатскиот клуб, а пред присутните ќе се обрати и авторот Јањатов.
Издавач на книгата „Постсоветски меридијани“ на Јањатов е куќата „Дијалог“ од Скопје.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на албанскиот претседател
-

Реконструкција на охридскиот аеродром по првпат од изградбата, најави Николоски
-

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра
-

Зеленски: Поправката на нафтоводот „Дружба“ не може брзо да се заврши
-

Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на земјава
-

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП
-

Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка
-

Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран
