Промоција на книгата „Архиви на насилство“ и предавање на Милевска на фестивалот КРИК
Во рамки на програмата на КРИК фестивалот за критичка култура, кој се одржува во Музејот на современа уметност, синоќа беше промовирано изданието „Архиви на насилството“, а предавање одржа Сузана Милевска, теоретичарка на културата.
Во оваа публикација може да се прочитаат исклучително реномирани автори во теоријата и културата, како Рената Салецл, Светлана Слапшак Гералд Раунинг, Борис Буден, Томислав Медак, Марсел Марс, Бранислав Јовановиќ, Бранко Димитријевиќ и Ана Вујановиќ, а нивните текстови се оригинално напишани за фестивалот.
Широчината на темите се протега од анализа на машинистичкиот капитализам и новата дигитална реалност, проблемите на толкување на насилството како историско/темпорална категорија, проблематиката на економското насилство, естетичките категории и политичкото читање на уметничката пракса, како и промените на центрите на моќ во електронското издаваштво.
Сузана Милевска, теоретичарка на културата, која во моментов работи како научен истражувач на Политехничкиот Универзитет во Милано, синоќа одржа предавање насловено „Ефект на пеперутката: од ветувањето на институционалната критика до потенцијалите на активистичката уметност”.
Милевска клучните точки на нејзиното предавањ, кое го посвети на неодамна починатиот уметник и музичар Златко Трајковски Хинки, беа институционалната критика, уметничката пракса и активистичката.
Таа меѓу дригото истакна дедка врската меѓу одговорноста на уметниците, веќе еднаш потврдена со чинот на потпишување на нивната припадност, поддршка и/или солидарност со една политичка опција останува да биде релевантна за нивната идна уметничка пракса.
- Прашањето за тоа како секоја почетна акција влијае врз идниот развој на уметничката пракса и други загатки што произлегуваат од контекстот на долготрајната транзиција во општествата обележани со тековните конфликти и социо-политички промени, е мотивирано од многуте контрадикции во уметничките практики и кариери на уметниците кои го надживуваат краткиот век на секој револуционерен период, рече Милевска.
КРИК фестивал за критичка култура завршува вечерва во 19 часот, со колаборативниот перформанс „За настанувањето“ предводен од Дмитри Виленски, Олга Егорова, Оксана Тимофеева и Нина Гастева, членовите на светски познатиот уметнички колектив од Русија „Что делат“, кои заедно со локалните учесници изминатите пет дена го подготвуваа специјално за фестивалот.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје