Македонија
2. January 2016 - 17:20

Промоција на 20 наслови од нов владин капитален проект

Македонскта читателска публика ќе добие нови 400 книги од познати свестки автрои. Владата стартува со  нов проект во кој ќе се преведуваат дела  од 4 области.

Од  Едицијата , Познатите битки и војни во светската историја ќе се преведат 150 книги толкав е и бројот на делата од областа   спортот и здравиот живот“. 50 преводи од едицијата Автобиографии, биографии и мемоари на светски познатите личности“,како и 50 книги од сферата на  архитектура, дизајн, внатрешен  ентериер, орнаментика и скулптури. Од нив денеска беа промовирани 20 нови наслови.

- Република Македонија во изминативе неколку години целосно се отвори за светската научна литература, а рафтовите во нашата држава станаа побогати за стотици нови книги од неколку капитални проекти. Таквиот наш ангажман продолжува и оваа година... Овој проект претставува продолжение на нашите инвестиции во образованието, во културата, во знаењето, во науката, спортот, младите и севкупно во иднината на Република Македонија. Овие области и во 2016 година остануваат едни од главните приоритети на Владата, изјави премиерот Никола Груевски.

- Како никогаш досега македонското образование и културата се збогатуваат со трајни културни, уметнички и цивилизациски вредности, како никогаш досега нашите граѓани се здобиваат со можноста да ги прошират своите сознанија за областите кои се нивен интерес, како никогаш досега младите генерации добиваат непроценливо богатство од литература која е во функција на нивна едукација и надградба, изјави министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

Новиот проект во кој ќе се предевдуваат книги од четирите едиции, владата планира да го заврши за две години. Библиотечниот фонд на факултетите, члиталните ќе биде збогатен со  уште 400 нови наслови.