Променливо облачно, со температура до 20 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Како што соопшти УХМР, утре ќе има продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка, од 10 до 15 сантиметри.
Ќе дува засилен северен ветер, над 70 километри на час, а температурите значително ќе опаднат. В понеделник со засилен северен ветер наместа ќе провејува слаб снег, а потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.
Ново на Сител
-
Предизборни активности на независните кандидати и помалите партии
-
Со 10.000 бруцоши почна новата академска година
-
Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат
-
Бизнисот испорача барања до Владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година