Променливо облачно со повремен дожд и снег
Времето во понеделникот во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег.
По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер, информираат од УХМР.
Минималната температура е во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Во вторник претпладне ќе има услови за провејување на снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во следните два дена времето ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток кон крајот на денот и во петок.
Ново на Сител
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија