-->
-->
Променливо облачно со локален слаб дожд, викендов пораст на температурата
-->
– Времето утрово е студено, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.
За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица.
Според прогнозата на УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
76-годишник почина откако се превртел со трактор
-
Иранска армија: Хеликоптерот на Раиси не бил нападнат, се запалил по падот
-
Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
-
Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
-
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
-
Санкционирани 106 возачи на територијата на Скопје
-
Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија
-
Километарски колони на Богородица - се чека и по еден час