Македонија
24. May 2024 - 16:38

Гужва на граничните премини, Македонците навалија во Грција

Продолжениот викенд ги наполни грчките плажи со македонски туристи. Километарки колони возила се регистрирани на граничните премини вчера и утринава. Најголема гужва имаше на Богородица, од каде до 10 часот од земјава излегле над 12 илајди патниц , велат од МВР. За да ја напуштат земјава чекале  и по  еден час, а состојбата се стабилизирала во попладневните часови, каде за излез проверките се завршувале за 15 тина минути.

- За излез од граничнио премин Богородина од 10 часот  вчера до 10 часот утрина излегле вкупно 12,394  патници. Тогаш и гужвата е најголема, а во попладневните часови се стабилизира и нема застој, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Најголема гужва  има на Халкидики, велат од агенциите. Иако сме пред сезона, аранжманите речиси се  распродадени. Сепак годинава летувањето ќе чини поскапо, Цените засега се повисоки за 15%.

За да нема голем застој на граничните премини, од МВР најавуваат посебна лента за автобуси во екот на туристичката сезона , како и поголем број цариници. Секоја година патниците се жалат дека граничните контроли течат споро, а тие на  пеколни темпертури  чекаат со саати. Инаку, сликата со  застој и гужви се очекува да се повтори и во недела, кога граѓаните се вратат во земјава.