Променливо облачно, посвежо со повремен пороен дожд и грмежи
Времето ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Уште утре ќе има позначителна нестабилност проследена со засилен западен ветер претежно во западните делови од земјата. Во деновите потоа ќе биде претежно стабилно и за време на викендот ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност во планините.
Ново на Сител
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска