Проект за превенција на нерегуларности со фондови на ЕУ
Со финансиска поддршка од 250.000 евра од ЕУ и искуства од Литванија во Македонија ќе се подобрува стратешката, законската и институционалалната рамка и методологијата за поефикасна борба против измамите и нерегуларностите со фондовите на ЕУ.
Со денеска презентираниот твининг проект во наредните шест месеци ќе се зајакнува водечката координативна улога на надлежното одделение при Финансиката полиција и ќе се зајакнуваат вештините на кадарот за аналитика и истраги во однос на превенциа, откривање и сузбивање на измамите и нерегуларностите. Партнери на Финансиската полиција во проектот се литванските Министерство за финансии, Централна агенција за раководење со проекти, Специјалната управа за истраги и Државното обвинителство.
- За да се постигнат целите од проектот потребно е да бидат спроведени повеќе активности со кои ќе бидат дадени препораки за јакнење на националните капацитети, а меѓу другото ќе биде изготвена предлог стратегија за заштита на финансискките интереси на ЕУ во Македонија, рече на презентацијата Александар Тргачевски, национален проект лидер.
Прашан дали во Македонија се евидентирани злоупотреби со пари на ЕУ Тргачевски истакна дека имало случаи и оти за нив се поднесени соодветни кривични пријави.
- Генерално политиките на Владата и на Министерството за финансии секогаш се подобрување и зајакнување на регулативата во насока на ефикасно и наменско трошење на средствата. Во случајов станува збор за средства на ЕУ и во таа насока Финансиската полиција ја има максималната поддршка да го спроведе овој проект. Се надеваме дека сите инволвирани сектори, а особено Финансиката полиција, ќе извлечат максимални ефекти и ќе ги користат и осознааат најдобрите европски практики, рече Игор Димитров, државен саекретар во Министерството за финансии.
Мауро ди Вероли, раководител на одделот за операции при ЕУ делегацијата во Скопје, истакна дека борбата против нерегуларностите и корупцијата не треба да биде само дел од легалните институционални реформи и бара промени во политичката култура и социјалниот менталитет. - Со цел да се обезбеди ефикасна заштита на финансиските инструменти на ЕУ националните власти мора да работат на законодавната, административната и оперативната рамка во однос на борбата против нерегуларности и измами, рече ди Вероли.
Посебно внимание, укажа, треба да се посвети на конфликт на интереси, кривичните постапки, поврат на финансиски средства, генерални административни процедури, надзор на буџетот...
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците