Македонија
16. October 2015 - 15:39

Проект „Со дарба до бизнис“ на фондацијата „Никола Кљусев“

„Со дарба до бизнис” е проектот што го реализира втора година фондацијата „Никола Кљусев“ со цел да се поттикне креативноста, дарбата и талентот кај невработените (млади и повозрасни) сами да почнат свој бизнис.

Проектот ќе опфати сликање на стакло. За бесплатните обуки што ќе се реализираат во тек на следниот месец може да се пријават сите заинтересирани млади и повозрасни – невработени. Бројот на учесници е ограничен.

Пријавувањето е до 20-ти овој месец на info@nikolakljusev.org.mk (име и презиме, контакт телефон) или на телефон: 02 511 99 53.

Проектот е организиран со поддршка на Министерството за култура, од програмата за креативна индустрија.