Ѓорѓиевски: Се гледам како иден градоначалник на Скопје и за кратко време би го решил хаосот во градот
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, во гостување во емисијата ,,Студио 10” на телевизија 24 прашан дали се гледа како иден градоначалник на Скопје бидејќи се повеќе се шири таа теза помеѓу граѓаните, рече дека се гледа и може да одговори на тој предизвик бидејќи секојдневно ја добива поддршката од граѓаните.
- Тоа е процес кој наредниов период треба да помине низ фаза на анкети во нашата политичка партија на кој што верувам и длабоко сум убеден дека ќе ја добијам поддршката од граѓаните на истите анкети.
Кога ја наследив Кисела Вода беше во многу слична ситуација од она што е денес градот Скопје и мене ми е исклучително драго што граѓаните во мене перцепираат човек кој што може да го реши хаосот во градот. И да, мислам дека можам за релативно кратко време, откако би ја преземал таа позиција, да го решам овој цел хаос кој што се случува на Скопје и скопјани.
Потребна е макотрпна работа, но со добар тим се е надминливо. Изминатиов период од три години се покажа дека за мене не постои проблем кој што не може да се надмине, кој не може да се реши, многу проблеми кои што беа повеќе децениски во мојата општина заминаа во историјата. Има уште една рака, на рака се бројат проектите кои што ми се останати од целокупната која сум ја ветил пред граѓаните за да се дореализираат, но имам уште нецела година за тоа да го сторам и длабоко сум убеден дека ќе го сторам што не било случај во минатото.
Така што, ако ја направиме паралелата, мислам дека и градот Скопје би можел да се доведе за релативно кратко време во добра кондиција и верувам дека и граѓаните се свесни за тоа. Имаме резултати со мојот тим и Скопје би бил предизвик што сериозно би го прифатиле и би настапиле со сериозен концепт за да го решиме овој хаос – рече Ѓорѓиевски.
На прашање дали има ривал во партијата за таа позиција, Ѓорѓиевски истакна дека многу е позитивно во секоја работа да има конкуренција бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е партија која има сериозен кадров потенцијал која на крај ќе ја донесе правилната одлука.
Општина Кисела Вода
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица