Продолжуваат археолошките истражувања на Горна Порта во Охрид
Во рамките на Годишната програма на Министерството за култура, во тек се систематски археолошки истражувања на локалитетот Горна Порта во Охрид, каде што за прв пат беа откриени најстарите погребувања, а во еден од гробовите, беше пронајдена златната маска, златната ракавица и уште 70-тина други златни, сребрени, бронзени, килибарни и други предмети.
Како што соопштија денеска од Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид во текот на годинешните истражувања досега открија 85 гроба од кои 12 кои датираат од македонско - хеленистички период односно некаде од 3-2 век п.н.е., а останатите се од османлискиот период од периодот на 15 до крајот на 18 век.
Во гробниците од македонско – хеленистички период кои се со гробни конструкции од необработен камен, досега се пронајдени најразлични прилози карактеристични за периодот на погребување како керамички амфори, калапени чаши, делови од војничката опрема - копја, ножеви, накит- златни обетки со негроидни глави и со претстави на ерос, гердани со мониста од стаклена паста, привезоци, фибули и прстени, а во три гроба се пронајдени и бронзени садови.
Од периодот на доцната антика откриени и истражени се 11 јами и дел од рустикален објект, а пронајдено е поголемо количество византиски монети, неколку сребрени венецијански грошеви и една сребрена монета на кралот Волкашин. Гробовите од османлискиот период пак се главно со христијанска ориентација и во се пронајдени бронзени копчиња, обетки, срма, а зачувани се и делови од органски материјали - кожни обувки, дрво.
Во текот на досегашните истражувања најстар наод на теренот е праисториско камено секирче, а најмлад османлиски монети од 19 век. Археолошките истражувања на локалитетот Горна Порта продолжуваат до крајот на септември годинава.
Ново на Сител
-
Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина
-
Oбвинителен акт против десет лица за продажба на кокаин и марихуана
-
Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни
-
Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан
-
Пуштена и последната пациентка од болницата во Солун повреденa од трагедијата во Кочани
-
СВР Битола во месец мај од слобода лиши 39 дилери на дрога и оружје
-
Ангелов: Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија
-
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани