Продолжуваат активностите на Градски штаб за заштита и спасување
Градскиот штаб за заштита и спасување ги продолжува своите активности по серијата земјотреси кои вчера и денеска го погодија Скопје.
Градскиот штаб за заштита и спасување е активиран и ја следи состојбата, а сите екипи на градските јавни претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се целосно мобилизирани, соопшти Град Скопје.
Во сите пунктови на јавните претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита е зголемен број на екипи со 24 часа дежурства и се подготвени за интервенција. Покрај нив, Градскиот штаб за заштита и спасување ги координира и активностите на општинските кризни штабови кои се мобилизирани.
Во текот на овој период Градскиот штаб за заштита и спасување реализира повеќе интервенции, од кои најголемиот број на Бригадата за противпожарна заштита на запалени електромотори на лифтовите во зградите, кои се запалиле поради краток спој предизвикан од земјотресите.
Паралелно со нив, поголем број екипи, предводени од стручните лица од ИЗИИС, од вчеравечер се на терен и работат на евиденција на оштетувањето на објектите кои се од приоритетно јавно значење, како што се училиштата, градинките, болниците и станбените објекти за домување. До овој момент поминати се над 40 објекти.
Градскиот штаб за заштита и спасување и во наредниот период ќе остане во состојба на целосна мобилизација и внимателно ќе ја следи состојбата на терен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово