Продолжува судскиот процес со родилката од Дебар, ќе се презентира супер вештачењето
Со презентација на извештај од супер вештачењето во Основниот суд во Струга денеска треба да продолжи судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети за отстранувањето на три органи, матка, јајник и бубрег на родилката од Дебар Јилдз Веапоска.
Ова е прво рочиште по април минатата година поради чекање на супер вештачењето, кое требаше да го направи судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје. Одлуката ја донесе судијата Јордан Јованов на 23 април минатата година, поради неусогласување на вештачењата на вешти лица од Судска медицина побарано од Обвинителството и на техничкиот советник на барање на обвинетите.
Според вештачењето на тројцата вештаци од Институтот за судска медицина влошувањето на состојбата на Веапоска дошло поради погрешни постапки од здравствените работници, додека вештачењето на техничкиот советник професор доктор Драге Дабески покажува дека обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку со дејствувањето и бил спасен животот.
Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранеи матка, јајник и бубрег почна во 2022 година. Три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии.
Со презентацијата на извештајот за супер вештачењето треба да заврши доказната постапка, по што обвинетите ќе имаат можност да ги кажат своите завршни зборови. Потоа судот треба да ја објави пресудата за случајот.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски