Продолжува судењето за случајот „Монструм“
Во кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година.
Претходното рочиште беше одложено поради болест на судијата Осман Шабани.
На последното рочиште за „Монструм“ се гледаа аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година од страна на истражен судија и обвинител во Кривичниот суд.
Пред Судот исказ даваше и сведокот Сашо Лазаревски, сосед на едно од убиените момчиња.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презема СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството