Продолжува судењето за пожарот во Кочани, родителите поставија транспарент со фотографиите на загинатите

Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.
Откако на минатото рочиште сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар, родителите на загинатите денеска пред судот поставија транспарент со ликовите на сите 63 деца коишто ги загубија животите во пожарот во дискотеката "Пулс" порачувајќи дека било многу контрадикторно што никој од обвинетите не се изјаснил за виновен.
- Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто се во судница. Никој од нив немаше ниту грам совест и човечност да ја признае својата вина. А сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата за своите деца, изјави една од мајките.
Адвокатот на обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија за случајот „Пулс“, кај кого на минатото рочиште беше речено дека биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, го информираше Судот дека вистинскиот сопственик на уредите е пронајден и прожијавен и го замоли судот да се обрати до Затворот Скопје да го провери тоа.
Пред почетокот на денешното рочиште пред Судот се произнесоа и дел од останатите законски престатавници на оштетените, кои изјавија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и преднајавија имотно правно побарување.
Дел од обвинетите на минатото рочиште упатија сочувство кон семејствата на жртвите и нагласија дека го разбираат обвинението, но, не признаа вина за „тешки дела против општата сигурност“.
На минатото рочиште воведни говори даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот.
Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението.
Адвокатите нагласија дека нивните клиенти не презеле дејствија кои би имале директна врска со трагичниот настан, и дека поседувале валидна документација. Тие најавија изведување на докази и сведоци кои, според нив, ќе потврдат дека обвинетите не се одговорни за пожарот и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на лична вина.
Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари.
Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.
На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.
МИА
Ново на Сител
-

Пораст на заболените од грип во државава
-

Починат 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино по кого се трагаше од јануари годинава
-

Секој трети граѓанин во земјава дал мито за да му се заврши некоја работа, покажуваат податоците на МЦСМ
-

Спречен обид за криумчарење на два тона фалсификат прашак за перење штетен по здравјето на граѓаните и животната средина
-

Одбраната на обезбедувањето тврди дека не постоел план и договор за физичко обезбедување на „Пулс“
-

Општина Бутел сруши дивоградба во Визбегово
-

Измама со лажен несреќен случај, измамена 70-годишна битолчанка за сума од 20.000 евра
-

Град Скопје со предлог - препораки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух
