Продолжува претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници
Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово.
Предизборниот караван на СДСМ е во Дојран Богданци, Гевгелија и Валандово.
Од Левица за денеска најавија средба со граѓани во Неготино на која ќе присуствуваат лидерот на партијата Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа, Никола Ламбев, и останатите кандидати за советници.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција во Општина Бутел, а од ГРОМ - Граѓанска Опција за Македонија, пак за денеска планираат работен медиа брифинг со цел одблиску и поопширно запозавање со програмата на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на град Скопје од коалицијата “Искуство за успех”.
Изјави за медиумите ќе имаат и Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ и Коалицијата и Влатко Митовски - кандидат за градоначалник на општина Гази Баба.
Според најавите, прес-конференција ќе има и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ на која ќе го презентира целосното решение за јавниот превоз во Скопје, како и потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми, кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Селвер Ајдини, и кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Исамедин Азизи.
Прес-конференција е најавена и од страна на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи.
МИА
Ново на Сител
-
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“
-
Дуел со Белгија за првото место во групата
-
САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот
-
Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори
-
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди јужниот дел на Филипините