Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето

На седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи продолжение на надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје".
Надзорната расправа почна завчера, а продолженија се најавени и за утре и за 26 мај. Комисијата за здравство покани сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата и на другите пратеници.
Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска на вчерашната расправа истакна дека ИЈЗ во координација со Министерството за здравство презема низа мерки за ублажување и намалување на здравствените последици од загадувањето.
Андоновска рече дека Институтот соработува со локалните власти за креирање на политики, со цел намалување на емисиите на загадувачки материи, и објасни дека граѓаните се едуцираат и информираат преку веб страницата за нивото за загадување.
-Стручни лица на Институтот се дел од интерсекторски работни групи, соработуваат со локални власти за креирање на политики со кои ќе се намалат емисиите на загадувачки материи. Ние сме дел од институциите кои се произнесуваат за локалните акциони планови со краткорочни мерки за намалување на аерозагадувањето, даваме стручно мислење за интегрираните А и Б еколошки дозволи, постојано комуницираме со загрижени групи на граѓани но и пошироката јавност. Преку информации на нашата веб страна, информираме и едуцираме граѓани со посебен акцент на вулнерабилните групи на население за ризиците од загадениот воздух и за начини на лична заштита, особено во денови со високо загадување, објасни Андоновска.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
