Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби, поставување директни прашања до градоначалникот или до советниците, се дел од 20-те нови дигитални услуги што ги воведе денеска Општина Кисела Вода.
Овие услуги, како што информира, се достапни на новата општинска интернет страница https://opstinakiselavoda.gov.mk/ и со ова продолжува дигитализацијата на општината почната пред речиси две години.
-Дигитализацијата на општината претставува значаен чекор кон подобрување на транспарентноста, отвореноста и ефикасноста на локалната самоуправа. Воведувањето на дигитални услуги овозможува значително олеснување на процедурите за граѓаните и бизнис заедницата, и истовремено го намалува ризикот од коруптивни дејствија. Овие промени ја поставуваат основата за една модерна, ефективна и отворена општина која е насочена кон потребите на своите граѓани, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Според него, со новите услуги ќе биде овозможено следење на системот на јавни набавки и плаќање такси поврзани со општината.
-Нема да има повеќе уписи преку врски во градинки. Родителот од дома ќе може да аплицира, да наведе за која градинка е заинтересиран и за истата да аплицира. Со тоа и ние како локална самоуправа точно ќе знаеме во секој момент колкав број на деца има за упис, каде има потреба од отворање на дополнителни капацитети. Преку се апликациите „Прашај го градоначалникот” и „Прашај го својот советник” нашите жители ќе можат да комуницираат во прво лице со лицата кои ги избрале да ги решаваат нивните проблеми, додаде Ѓорѓиевски.
Новата интернет страница https://opstinakiselavoda.gov.mk/ е дел од проектот што го спроведува УНДП со Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-
53-годишна жена вработена во средно училиште во Центар нападната од четворица ученици
-
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
-
Приведени тројца битолчани, при претрес во дом пронајдена е дрога
-
Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје
-
Велика Британија воведе уште сто санкции против Русија
-
Во Шпанија во прекин телефонската комуникација поради дефект