Продолжува дебатата за импичмент на Иванов
Во Собранието на Република Македонија денеска треба да продолжи расправата за предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата.
Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна во понеделникот, а минатата недела собраниска Комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.
Рената Тренеска-Десковска од СДСМ образложувајќи го Предлогот рече дека основна причина за поднесувањето на иницијативата е отсуство на секаква одговорност и арбитрарното однесување на актуелната власт.
Со повлекувањето на дадените аболиции Иванов, како што рече, признал дека згреши и оти неговите мотиви биле теснопартиски, а не државнички. Според Тренеска-Десковска, постапката за импичмент е всушност враќање на принципите на одговорност, правда и еднаквост.
Претседателот на собраниската Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Зоран Илиоски рече дека Предлогот за импичмент на Иванов поднесен од пратениците од опозицијата не е основан.
- Претседателот на РМ Ѓорге Иванов во вршењето на своите права и должности не го прекршил Уставот и законите на РМ, посочи тој. Илиоски рече дека Уставот не е прекршен бидејќи во член 84 го утврдува правото на претседателот на Републиката да дава помилување во согласност со Законот.
За донесување одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот треба да гласаат најмалку 82 пратеници во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот