Продолжува броењето на гласачките ливчиња од изборите за претседател во САД
Броењето на гласачките ливчиња на претседателските избори во САД продолжува втор ден. Демократскиот кандидат Џо Бајден е близу до победата, но американскиот актуелен претседател и кандидат на републиканците, Доналд Трамп ги задржува своите шанси за реизбор.
Победникот е се уште нејасен во шест држави, иако АП и Фокс Њуз го прогласија Бајден за победник во Аризона.
Во Аризона, Бајден досега има добиено 1.144.213 гласови (50,7 отсто), а Доналд Трамп има 1.365.040 гласови (47,9 отсто). Броењето продолжува во уште четири окрузи, вклучувајќи ја и најголемата Марикопа, каде што се наоѓа Феникс. Преброени се 86 отсто од гласовите. Аризона дава 11 изборни гласови. Со нив, Бајден има 264 и му требаат уште 6 за да ги добие 270 гласови потребни во Изборниот колеџ за да победи на претседателските избори.
Поранешниот потпретседател има добри шанси во Џорџија, каде Трамп води со 22.567 гласови, но сепак има по 100.000 неброени гласачки ливчиња испратени по пошта.
Преброени се вкупно 98 отсто од гласачките ливчиња. Трамп има 2.430.156 гласа (49,6 отсто), а Бајден има 2.407,589 (49,2 отсто). Непреброени гласови има во областа Атланта, каде доминираат демократите.
Во Северна Каролина има уште шест отсто или 348.000 гласачки ливчиња, каде што води Трамп со 76,701 глас. Пребројувањето во оваа држава може да трае подолго, бидејќи крајниот рок е 12 ноември.
Пенсилванија е една од клучните држави со најмногу гласачки ливчиња. 784 000 гласачки ливчиња (11 отсто) се уште не се преброени. Трамп води со 164,418 гласови. Американскиот лидер досега има добиено 3.215.983 гласа (50,7 отсто), а Бајден – 3.051.565 (48,1 отсто).
Продолжува броењето во бастионите на демократите како Филаделфија, Питсбург и Харисбург.
Ситуацијата е оспорена и во државата Невада, каде се очекува нови податоци да бидат објавени за неколку часа, откако беше запрено ажурирањето на податоците од страна на локалните изборни органи. Дваесет и пет отсто од гласачките ливчиња не беа преброени или 398.000. Бајден имаше мала предност од 7.647 гласови.
Броењето продолжува во округот Кларк, каде е Лас Вегас и во другите окрузи. Ако Бајден го задржи водството, тој ќе стане 46 претседател на САД.
Последната држава е Аљаска, каде се очекува да победи Трамп. Останаа 50 отсто од преброените гласачки ливчиња или 191 000. Лидерот на САД води со 54.610.
Досега, Бајден има собрано 264 гласа во Изборниот колеџ (вклучително и Аризона), а 214Трамп, За поранешниот потпретседател на САД гласале 72.075.757 Американци и 68.600.187 во корист на Трамп.
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации