Продолжение на 91. собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 91-та седница.
На дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на законите за упатување работници од Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни договори и за вршење други сезонски работи, за мирно решавање работни спорови, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за употреба на знаковниот јазик, за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, сите во второ читање.
Пратениците треба да расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за безбедност и здравје при работа, за работните односи, за пензиското и инвалидското осигурување, за инвалидски организации, за социјалната заштита, за заштита на децата, за агенциите за привремени вработувања, во второ читање.
Меѓу точките од дневниот ред се и Дополнетиот предлог на закон за слободните здравствени зони, во второ читање, предлог законите за дополнување на законите за градење и за градежно земјиште, како и измени на закони од областа на здравството, финансиите, сообраќајот.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции